Ахмети: Правдата ќе го каже последниот збор

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен. На состанокот се разговарало за ситуацијата во Македонија по предвремените парламентарани избори.

Ахмети зборувал за, како што се наведува во соопштението на ДУИ, тенденциозната кампања организирана против него и против ДУИ во последните две години и рекол дека дојде време вистината да излезе на виделина, за секое обвинување, за секоја клевета, за секоја неизвесност и за секоја дилема.

„Претседателот Ахмети е решен дека правдата ќе го каже последниот збор и ќе ги отстани сите тенденциозни, злонамерни сомнежи за неговиот лик и ДУИ, правдата треба да победи. Ахмети нагласи дека сите членови на ДУИ, заедно со претседателството, ќе работат во насока на зајакнување на земјата и враќање на довербата на граѓаните во институциите на земјата бидејќи за нас ова не е борба за власт, но за да се зачува албанската национална вредност и за отстранување на сенката, којашто злонамерниците се обидуваат да ја фрлаат врз нас“, соопшти ДУИ.

Ахмети ги повика лидерите на политичките партии да се приклучат кон апелот упатен до полицијата, војската, државната администрација и граѓаните, да работат прецизно и спокојно, во служба на безбедноста и државната стабилност. Ахмети исто така, ги повика меѓународните пријатели да не останат индиферентни кон случувањата во земјава.

„Ние ќе продолжиме со нашиот придонес за општествена благосостојба и патот кон евро-атланската интеграција, реформите во земјата и заокружување на Охридскиот договор, бидејќи овие столба ја прават земјата посилна“ се додава во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Ахмети: Наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Предраг Петровиќ

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливо победници

Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ