Ахмети: Овој Божик го означуваме во момент кога се отвораат сите можности за евроатлантски интеграции

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка за Божик до сите верници што го слават овој празник.

„Нашите најдобри и најискрени честитки за големиот Христијански празник со искрени желби за среќа, здравје и бериќет во вашите домови.

На овој свет ден на раѓањето и зајакнувањето на вербата, во нашите срца нека се прероди надежта за иднината, каде што сите, без разлика, да ги соединиме напорите и посветеноста за исполнување на очекувањата што ќе не направи едно пристојно општество за да станеме дел од големото европско семејство.

Овој Божик го означуваме во една многу важна година за нашата земја, еден момент кој ги отвара сите можности за евро-атланската интеграција на земјата, заедно да ги надминеме сите вештачки препреки и во духот на довербата, разбирањето и соработката заедно да чекориме кон патот на напредокот и благосостојбата“, пишува во честитката.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона