Ахмети: Македонските медиуми го плашат народот

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Кичево порача дека медиумите на македонски јазик шират страв објавувајќи за фотографијата на неговиот фејсбук-профил на која тој е со калашников в рака.

Тој не спомена воопшто зошто ја поставил фотографијата со оружје, со која кани на митинг, туку само обвини дека се медиумите виновни оти шират психоза.

Како што пренесуваат медиуми на албански јазик, Ахмети на митингот во Кичево рекол дека македонските медиуми биле тие што ширеле страв меѓу населението, а не тој и неговата партија со тоа што на фејсбук страната на ДУИ објавија негова фотографија каде е во униформа на УЧК и со калашников во рацете, а со која се повикуваше на масовен одзив на предизборен митинг во Кичево.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас

Ахмети: Уставниот суд да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома

Влен: Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти

Горан Наумовски

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани