Ахмети испрати телеграма со сочувство до Ердоган

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети испрати телеграма со сочувство до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул.

– Почитуван Претседателе Ердоган, дозволете ми во име на сите нас при Демократската унија за интеграција и во мое лично име да ги изразам најдлабоко сочувство вас, на турскиот народ и на семејствата на жртвите кои ги изгубија своите животи како последица на терористичкиот напад на Ататурк аеродромот во Истанбул, додека на повредените што побрзо закрепнување и враќање покрај нивните семејства, севели во телеграмта на Ахмети.

Турција, се нагласува, е силна и ќе се соочи со овој сериозен предизвик.

– Ние сме блиску до вас и до демократскиот свет во напорите за да се порази тероризмот. Изразуваме целосна солидарност кон турскиот народ, семејствата на жртвите и повредените, сепотенцира во телеграмата со сочувство од Али Ахмети до претседателот Ердоган.

Би можело да ве интересира

Пропаднаа разговорите помеѓу Тачи и Ахмети

Ахмети: Јас и Албанците се залагаме за унитарна, заедничка и еднаква Македонија

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

ДС: МВР да го спречи Ахмети да предизвика безбедносна криза

Влен: Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Ахмети и Османи

Горан Наумовски

ВЛЕН: Слободата на Сашо Мијалков не ja донесе Дедо Мраз, туку Артан Груби, со дозвола на дедото од Зајас