Ахмети: ДУИ работи во интерес на сите граѓани

Од:

ДУИ работи во интерес на сите граѓани и затоа од избори до избори е се посилна, истакна на митингот во Кичево лидерот на партијата и носител на листа во 6. Изборна единица Али Ахмети.

За тоа, кој ќе биде во власта, претседателот на партијата рече дека граѓаните ќе одлучат на 27 април.

– На денот на изборите ние ќе гласаме за пратеници, но не и за претседателските избори, бидејќи нашата идеја за консензуален претседател ќе победи, ако не денеска сигурно во блиска иднина. Гледаме дека нашата идеја секојденвно добива се поголема поддршка, рече Ахмети.

Барајќи ја довербата од граѓаните, носителот на листата во 5. Изборна единица Муса Џафери рече дека Кичево е пример какви треба да бидат меѓуетничките односи во Македонија

– Ние сме горди за она што го остваривме и реализиравме во изминатиот период. Затоа бараме поддршка за нашата платформа, рече Џафери, осврнувајќи се на инфраструктурните проекти, меѓу кои изградбата на афтопатите Кичево-Охрид-Струга и Гостивар-Кичево.

Довербата од кичевци ја побараа и кандидатите за пратеници Селма Велиоска, Аљиф Медиу и Вјолца Мемети Нуредини.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада