Ахмети: Денеска е важен ден, денот на Скендербег, денот на генералот над генералите на ослободителното движење на Албанците

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДИУ) Али Ахмети, заедно со претставници на раководство на партијата денеска положи цвеќе на споменикот на Скендербег во Скопје, по повод одбележувањето на денот на смртта на албанскиот војсководач.

Ахмети во изјава за медиумите ја истакна важноста на Скендербег и посочи дека неговото движење и отпор било инспирација сѐ до целосното ослободување на Косово и целосната еднаквост на Албанците во земјава.

-Денеска е важен ден, денот на Скендербег, денот на генералот над генералите на ослободителното движење на Албанците, на големиот отпор кој што се создаде со неговото движење, што нас ни служеше како инспирација и нѐ одржуваше живи сѐ до целосното ослободување на Косово и целосната еднаквост на Албанците во Република Северна Македонија, рече Ахмети.

Додаде дека е особено горд што ја продолжува мисијата на Кадри Зека и Јусуф Гервала и што денеска имал можност во чест на нивната смрт, да го открие споменикот на оние кои работеле на политичко соединување на Албанците.

-Денеска го откривме споменикот на Кадри Зека, човекот кој што беше екзекутиран од југословенската УДБА во Штутгарт, Германија, затоа што сакаше политички да ги соедини Албанците за да се ослободат. И денеска бев најгордиот човек што јас лично имав можност да го откријам споменикот како човек кој што ја продолжи нивната мисија на Кадри Зека и Јусуф Гервала, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека овој ден ќе го заокружи со јануарскиот пламен во Гостивар, настан кој го одбележува денот на оние коишто, како што рече, го имаат положено животот за слободата и демократијата.

-Сега сме овде во Скопје и ќе го заокружам денот во Гостивар со јануарскиот пламен како настан којшто го одбележува овој ден за сите овие големи луѓе којшто го дадоа животот за слободата, демократијата. Нивната порака е нашите земји да бидат богати како што се земјите на Европската унија и да ги оживееме нивните идеали како и очекувањата на граѓаните во Република Северна Македонија за да живеат во мир стабилност, безбедност и европска иднина, заклучи Ахмети.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција

ДУИ одржува Генерален совет, Ахмети повторно вели дека не се почитува легитимитетот на гласачите Албанци

Ахмети – Пападопулу: Потребно е целосно почитување и спроведување на Преспанскиот договор од двете страни

Горан Наумовски