Ахмети: Албанците треба да бидат обединети

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, носителот на листата во Изборната единица број 2 Ејуп Алими, шефот на Изборниот штаб Беким Незири, министерот за животна средина Башким Ахмети и министерот за економија Дритон Кучи, денеска остварија средби со жителите од скопската населба Ченто.

Ахмети упати порака до жителите на Ченто дека Албанците треба да бидат обединети, а не заведени, затоа што само така ќе можат да се достигнат националните цели.

– Мене не ме загрижува тоа што СДСМ го бара гласот на Албанците, туку ме загрижува создавањето на многуте политички партии кај нас, партии кои немаат јасна политичка агенда! Малите албански партии, создадени од разни сомнителни кругови, нема да успеат да добијат толку гласови како што претендираат туку, само ќе го намалат бројот на пратеници. Овие политички партии немаат можност да ги направат чудата што ги ветуваат, затоа што, за да се направат истите, ним им треба капацитет, а капацитетот им недостасува, рече Ахмети.

На средбите Ахмети го повтори својот став дека сите мали опозициски партии во албанскиот политички блок треба да се обединат, со цел да ја победат ДУИ, меѓутоа, како што додаде, на ниту еден начин не треба да се дозволи да загубат Албанците.

– Бидејќи албанската опозиција не се обедини, ДУИ не знае со кого да се натпреварува! ДУИ не е заинтересирана Албанците да се распарчат. Партијата е национално вредност, а вредностите не се градат секој ден. Меѓутоа, тоа е демократијата, нека биде политичка партија, потоа тие можат да кажат дека се подобри од нас, меѓутоа на крајот, албанскиот народ ќе одлучи!, рече Ахмети.

Тој во оваа прилика рече дека македонските политички партии грешат кога трчаат да ги добијат гласовите од Албанците. – Во Македонија се уште не е создаден амбиент за основање или за промоција на концептот „граѓанска партија“, затоа што се уште ние како Албанци не сме на рамноправно ниво со Македонците, рече Ахмети.

Лидерот на ДУИ на жителите на Ченто им вети дека многу брзо ќе заврши процесот на обештетувањето за штетите настанати од поплавите од пред неколку месеци. – Луѓето оваа природна катастрофа ја искористија и за придобивање на политички поени. Јас не дојдов да се сликам, јас ги посетив семејствата што ги загубија своите членови! Ние настојувавме да ја ублажиме нивната болка, се обидовме да нема разлики при распределбата на средствата, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Ахмети: Наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Предраг Петровиќ

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Ахмети, кревај рачна со време, зад Мицкоски се бранителите од 2001 кои ве поразија во Арачиново – порача Ангелов

Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливо победници

Ковачевски и Ахмети до крајот на неделава ќе се договорат, дали одат во коалиција или самостојно на избори

Џафери: Ахмети може да ја има која функција сака, но не е заинтересиран за претседател

Анита Петровска Рајковиќ