Агелер: Правниот тим на Амбасадата ги разгледува измените на КЗ, важно е да се почитуваат процедурите на правниот систем

Од:

Правниот тим на американската Амбасада ги разгледува измените во Кривичниот законик, јас лично не сум ги видела, така што не можам да ги коментирам, но како што беше соопштено и од Стејт депарментот потребно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава, изјави денеска американската амбасадорка, Анџела Агелер одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за брзото усвојување на измените на Кривичниот законик.

-На тоа прашање одговоривме во петокот, правниот тим на американската Амбасада ги разгледува, јас лично не сум ги видела, така што не можам да ги коментирам и како што кажавме во соопштението на Стејт депарметнот потребно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава, рече амбасадорката денеска на почетокот на работата за изградба на Коридорот 8.

Од прес-службата на Стејт депарментот претходно за Гласот на Америка на македонски јазик соопштија дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија, одговарајќи на прашањето дали новите измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во државата.

-Ја охрабруваме Северна Македонија да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судствотото, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата, нагласува Стејт департментот.

Собранието со европско знаменце и во забрзана постапка ги помина минатата недела измени на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Агелер: Енергетската сигурност и зелената енергија се приоритети што треба да ги надминат партиските политики

Горан Наумовски

Агелер со честитка до Сиљановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија

A1on

Левица бара извинување од Амбасадорката на САД за честитката до Џафери

А1он

Ковачевски-Агелер: САД сакаат да ја видат Македонија што поскоро во ЕУ

Членството на Македонија во ЕУ е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка

Ковачевски-Агелер: Пратениците треба да покажат државничко однесување