Адеми: Владата ги потврди заложбите за националните паркови

Од:

Надоместоците од влез и престој во трите национални паркови во Македонија ќе се користат за нивно унапредување и заштита, нагласи денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми на прес-конференција по повод донесување на одлуките за определување на висината на надоместоци за националните паркови Маврово, Галичица и Пелистер.

– Со овој потег, Владата ги потврди заложбите на националните паркови за поголемо вреднување на природните богатства на Република Македонија и со тоа обезбедува средства за уште поголема нивна заштита. Се надевам дека надоместоците нема да се разберат како пречка во остварувањето на правото на посета на националните паркови, туку како личен придонес во заштита на природното богатство во Република Македонји. Одговорното однесување при престојот и понатаму ќе биде основно правило за влез во паркот, изјави Адеми.

Донесените одлуки, во согласност со позитивните законски прописи, точно ги дефинираат формите и категориите на надоместоците кои ќе треба да се плаќаат при влез во националниот парк, за престојување или за паркирање на возилата и за искористување на плодовите од шумите во националните паркови. Согласно одлуките, од плаќање на надоместоци се ослободени лицата кои имаат живеалишта на подрачјето на НП. Со ова, во областа на заштита на природата, практично се имплементира начелото „корисникот плаќа“, а собраните средства ќе се користат исклучиво за унапредување и заштита на националните паркови од кои потекнуваат.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски