Адеми очекува конструктивни и позитивни разговори со СОНК

Од:

Во Министерството за образование и наука денеска има средби на три различни групи формирани помеѓу МОН и СОНК кои ќе дискутираат по одделни прашања, соопшти министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

– Се надевам дека разговорите ќе течат конструктивно и позитивно и дека на крајот заедно со СОНК ќе одлучиме кои барања евентуално би биле прифатливи, рече Адеми по промоцијата на нови наслови од проектот за превод на стручни книги.

Во врска со наставниците кои се незадоволни од добиените решенија за намалена плата поради големи отстапувања во екстерното тестирање, Адеми посочи дека тие имаат право на жалба до училишните одбори.

– Училишните одбори се надлежни да ги разгледаат и да донесат конечни решенија. Министесртвото нема никакви надлежности да ги разгледува решенијата донесени од директорите. Ги повикувам училишните одбори да одлучуваат врз основа на факти и аргументи, а не врз основа на нивните желби, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март