Адеми: Нема ни процедурални, ниту политички проблеми околу преименувањето на двете училишта во Дебар

Од:

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, за регионалната телевизија Канал 3 во Дебар изјави  дека нема проблеми околу преименувањето на двете училишта во градот.

– Општина Дебар има испратено барање до Министерството за промена на имињата на училиштето „Братство – Единство“ во „Пенестија“ (старо име на Дебар) како и гимназијата од „Здравко Чочковски“, во „28-ми Ноември“ Ден на албанската независност и ден на албанското знаме. Барањето се разгледува. Нема ниту процедурални,  ниту политички проблеми и во координација со локалната власт тоа ќе биде набрзо и официјализирано, изјави министерот Адеми.

Пред три години имињата на училиштата беа променети по предлог на родителските и училишните одбори, а со почитување на Бадинтер одлука за тоа беше донесена и од страна на Советот на општината. Веднаш беа поставени и табли со новите имиња, но и понатаму на сведителствата и другите документи се користат старите имиња и печати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро