Адеми: Инвестираме и во иднината на образованието

Од:

На пригодна свеченост во селото Неготино-Полошко беше предаден во употреба реконструираниот објект во кој функционираат основното училиште „Наим Фрашери“ и средно општинско училиште.

Во реконструираниот објект, учат 400 основци и близу 300 средношколци. Ова училиште пред две години доби спортска сала и со последната реконструкција, инвестициите достигнале близу 1,3 милиони евра.

Во поздравното обраќање, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, нагласи дека реконструкцијата на објектот била неопходна, затоа што условите кои досега владееле, не овозможувале нормално следење и изведување настава.

– Освен што инвестираме во објекти, настојуваме да ги да ги подобриме и условите за работа на наставниците. Со новиот закон, кој се работи во Министерството, ќе се знае кој може да изведува наставна работа и какви услови ќе треба да исполнува. Овој закон, прецизно ќе ги регулира и квалитетот на наставата, вложениот труд и нивно вреднување, рече министерот Адеми во Неготино-Полошко.

Адеми, подвлече дека сите предвидени инвестиции оваа година во Полошките општини ќе се реализираат, бидејќи средста се обезбедени.

На свеченоста зборуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ја поздрави инвестицијата и изрази надеж дека подобрените услови во овој објект ќе придонесат за поглем успех на учениците.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска