Адем Јашари, ново име на училиште во Чаир

Од:

Адем Јашари, еден од основачите  и легендарен командант на  УЧК е новото име на училиштето  7-ми март, во скопски Чаир.

Спротивно на досегашната практика, нема табла како на досега преименуваните училишта. Директорот  на училиштето открива дека ова е стара желба и идеја , нп тпа не се сторило поради страв од меѓуетнички тензии.

Министерот за образование Кралев, кој вели дека одлуката за менување на имињата на училиштата во Чаир е незаконска,   вети дека просветната инспекција ќе ја провери фактичката состојба.

Министерството не побарало досега интервенција од МВР за отсранување на таблите во Чаир.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, кажа дека до денес, до полицијата не е  доставено официјално барање за асистенција за досегашните случаи со промената на имињата на училиштата „Рајко Жинзифов“, „Цветан Димов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“, во „Исмаил Ќемали“, „Хасан Приштина“ „Јашар-бег“ и „Имри Елези“.

Доколку во рок од 8-те законски денови,  училиштата не ги вратат старите имиња,  државниот просветен инспекторат ќе им изрече парични казни на директорите и на правните лица.

 

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on