АА: Влен требаше да го отстрани Стоилковиќ а не Садики

Од:

Последната одлука на коалицијата која ги загуби парламентарните избори, Влен, за смена на госпоѓата Сафије Садики од Министерството за односи меѓу заедниците е исто така тотален неуспех и потврда за слабоста на овие партии пред нивниот шеф Мицкоски и ВМРО.

Тие требаше да го условат мандатарот да го смени Стоилковиќ, а не да го сменат нивниот заменик министер. Овој чекор само докажува дека тие немаат апсолутно никакво влијание врз коалицијата во која влегоа и не можат ништо друго освен да се жртвуваат. Дополнително, со неодамнешната одлука за смена на г-ѓа Садики од Министерството за односи меѓу заедниците, ова министерство целосно му го дават на Стоилковиќ, а сега Албанците нема да имаат ни заменик во тој ресор.

Како што почнаа, многу брзо партиите од губитничката коалиција, Влен, ќе бидат принудени еден по еден да ги повлечат сите функционери, бидејќи нема да бидат прашани во ниту едно министерство и нема да имаат влијание. Затоа, ги повикуваме додека е рано целосно да се повлечат од коалицијата на срамот и сервилноста и да не дозволите поголемо понижување и деградирање на Албанците, но и на самите нив, реагираат од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани