АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Од:

Алијансата за Албанците чувствува јавна и институционална обврска силно да реагира на сериозните информации кои кружат во јавноста, според кои Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за внатрешни работи, подготвува законски измени и нова систематизација на работните места кои директно и штетно го нарушуваат институционалниот статус на градовите Струга, Дебар и Кичево, истакна на денешната прес-конференција Њомза Асани Шаќири, портпаролка на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари.

Според овие измени, Подрачната единица за внатрешни работи Струга–Дебар–Кичево се предвидува да биде деградирана во единица од втора категорија, при што ќе ги изгуби основните оперативни надлежности, командната структура и функционалната автономија. Сите надлежности се предвидува да бидат префрлени под јурисдикција на Секторот за внатрешни работи во Охрид.

– Оваа административна реорганизација не е само техничко прашање. Таа произведува сериозни политички, институционални и општествени последици. Конкретно, во градовите со албанско мнозинство повеќе не се предвидуваат клучни раководни позиции во безбедносните структури, како што се:
– началник на полицијата,
– началник на одделението за борба против криминал,
– заменик-командир во полициските станици.

Систематското укинување на овие позиции претставува сериозен удар врз институционалната застапеност на Албанците и реален ризик за локалната безбедност и довербата на граѓаните во државните институции. Особено загрижувачко е и назначувањето на началникот на Регионалниот сектор за гранични работи при Министерството за внатрешни работи, со седиште во Охрид. По повеќе од две децении албанска застапеност на оваа функција, во 2025 година се назначува македонски кадар од Кичево, со што целосно се игнорира принципот на континуитет на правичната застапеност и демографската реалност.

Овој чекор не е изолиран ниту случаен. Тој директно ги нарушува уставните принципи на еднаквост, соодветна застапеност и меѓуетничка кохезија, и воедно ја поткопува довербата меѓу заедниците во Република Северна Македонија.

Во овој контекст, Алијансата за Албанците упатува директен повик до претставниците на коалицијата ВЛЕН да ја преземат политичката одговорност што им припаѓа, да реагираат без одлагање и јасно да се позиционираат во заштита на интересите на албанските граѓани во Струга, Дебар и Кичево.

Молкот во овој случај не е неутралност — молкот е соучесништво. Алијансата за Албанците нема да дозволи преку административни одлуки или политички маневри да се укине институционалната застапеност на Албанците и да се погази принципот на еднаквост во оваа држава, рече Шаќири.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем