9 нови кино сали во „Скопје сити мол”

Од:

Со премиера на филмот “Животот на Пи 3D” на 22. ноември официјално ќе бидат отворени новите киносали во „Скопје сити мол”.

Светската премиера на филмот за авантурите на момчето од Индија, Пи, е закажана токму за истиот ден кога премиерно ќе се прикаже и кај нас.

Истиот ден синџирот најпознати кина во светот, Синеплекс, ќе се отвори и со новиот филм за Џејмс Бонд „Скајфол”.

Киносалите имаат најсовремена технологија, а освен филмови ќе се прикажуваат и преноси од Баљшој театар, спортски настани како мастер-сериите во тенис, модерни танци од познат театар од Холандија…

Киносалите се сместени на третиот кат во Сити мол, на површина од 2.630 квадратни метри. Трите големи сали имаат по 278 и 197 седишта. Шесте помали, пак, имаат по 100 седишта. Сите киносали се опремени со најнова технологија за прикажување со 3Д-техника, а во две сали има опција и за прикажување на 35 мм-филмови.

Филмот се базира на истоимениот роман на познатиот канадски писател Јан Мартел, кој ги следи авантурите на момчето од Индија, Пи.

За време на бурата на бродот кој превезува и диви животни, Пи успева да се качи на чамец во кој се наоѓаат еден бенгалски тигар и зебра. Филмот ги следи неколкуте месеци во кои Пи се бори за преживување среде океанот, соочен со дивите животни и бескрајната водена површина. „Животот на Пи” е возбудлива авантура која раскажува за големите идеи – за вербата, надежта и борбата за опстанок.

Би можело да ве интересира

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“