70 судии ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

Од:

70 судии заклучно со 6 февруари поднеле тужби до Основниот суд Скопје 2, со кои ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата до 35% сосе камати, потврдија од скопска двојка за „А1он“. Бројот на тужби не е конечен и може да расте.

На средба во Владата, пред премиерот Зоран Заев и министрите за правда и за финансии Рената Тренеска Дескоска и Драган Тевдовски, како и претседаелот на Здружението на судии, Џемали Саити, било споменато дека ќе се прават напори, во втората половина од годината со ребаланс да се обезбедат дополнителни 2 милиони евра за оваа намена.

На средбата било договорено да се формира работна група која ќе го разгледа прашањето за ретроактивна исплата за додатоците на плати. Судскиот буџетски совет лани донесе одлука со која има исплати додатоци на плати на судиите за два месеца од 2018 година. Здружението на судии ги повика судиите да ја тужат државата зашто не ги добивале овие надоместоци изминатите години.

„А1он“ објави дека и осумдесет и двајца обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од 23,5 милиони денари, или приближно 400 илјади евра, без камати и судски трошоци по истата основа.

 

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Здруженијата од правосудството, наместо да се гласни и да бараат само повисоки плати, нека почнат постапки за корумпираните колеги

Ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, изјави Мицкоски

Горан Наумовски

Точно знаеме кои се тие судии кои што добивале насоки од седиштата во Речица или во Бихаќка, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица

Судиите Аритон Ала и Данка Ристова нови членови на Судскиот совет

Помина времето кога политичари можеа да влијаат на судии, вели Мицкоски