Никола Попоски преку Фејсбук статус му реплицираше на Петре Шилегов и обвинувањето за несовпаѓање на податоците во двата негови анкетни листови, едниот како пратеник, а другиот како министер.
„Во однос на лагите и манипулациите изнесени од господинот Шилегов, би сакал да го истакнам следново:
– Анкетниот лист на Никола Попоски како министер за надворешни работи е поднесен во 2014 година до ДКСК
http://www.dksk.org.mk/imoti_2/index.php…
– Анкетниот лист на Никола Попоски како пратеник е поднесен во 2017 година до ДКСК
http://www.dksk.org.mk/imoti_2/detail.php…
– Секој функционер има обврска да поднесе анкетен лист со изборот/именувањето
Оттука:
Разликата во вредноста на станот од 200.000 денари за период од три години од анкетниот лист како МНР до онаа во анкетниот лист како Пратеник се должи на промените на вредноста на пазарот на недвижности во Белгија.
Порастот во заштедата на сопругата, како и личната заштеда се должи на периодот на поднесување на едниот и другиот анкетен лист, по што е логично, како пратеник Попоски и сопругата да имаме поголеми заштеди (сума зголемена во период од 2014 до 2017) од МНР Попоски.
Во однос на возилото Ауди, исто така е логично е да се намали вредноста на возилото. Така, возилото на МНР Попоски во 2014 година било проценето на 900.000 денари, додека истото во 2017 година би вредело помалку и е проценето на 860.000 денари, имајќи ја во предвид амортизацијата на возилото.
Секако дека сето ова е логично и јасно, дури и за господинот Шилегов, но неговата цел не е вистината, туку политичко сплеткарење со кое посакува да претстави дека неговите нечесни намери се во функција на демократијата во Македонија“ напиша Попоски на Фејсбук.