„62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани

Од:

Под мотото „62 ангела – вечна светлина во нашите срца“ вечерва во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани се одржа настан во спомен на загинатите во дискотеката „Пулс“, несреќа со 62 починати, претежно млади и над 200 повредени.

Се палеа свеќи во форма на крст и срце во чест на починатите, а околу 21 часот во воздух одлетаа 62 балони со имињата на жртвите, по што присутните граѓани со мобилните телефони направија ѕвездено небо и испратија светлина кон височини за 62 згаснати животи.

Овој настан имаше комеморативен и хуман карактер, беше чин на љубов, почит и сеќавање. Кочанчани се обединија во болката и во љубовта кон оние кои секогаш ќе живеат во нивните срца.

Палењето свеќи за помен на починатите 62. млади животи ќе трае до полноќ.

Би можело да ве интересира

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски