50 вработувања за студентите на ФОН

Од:

Универзитетот ФОН заедно со партнер компаниите: ТАВ-Аеродроми, Тиквеш, Комерцијална банка, Пежо, Општина Охрид и Општина Подградец, Грозд-Струмица и Ренова, денес поделија повеќе од 50 вработувања, парични награди и сертификати за обуки на студентите на ФОН кои учествуваа во проектот „Фабрика на знаење“.

Студентите беа поделени во два тима за секоја од компаниите и проектите. Во период од 7 месеци заедно работеа на конкретни задачи и меѓусебно се натпеваруваа. Нивната цел беше да создадат конкретни решенија за определени производи или пак да изработат детални бизнис анализи и решенија. Најдобрите од нив денес добија решенија за вработување.

Проектот во изминатите две години на постоење успеа да го спои образованието со бизнис секторот. Преку соработка со најголемите компании во Македонија. Конечните решенија, бизнис анализи и маркетинг пристапи кои произлегоа како резултат на овој проект веќе детално се применуваат.

Би можело да ве интересира

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието