Од денеска советот на Синдикатот за образование и наука почнува со штрајк со глад, како поддршка за тројцата универзитетски професори, Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски од Економскиот факултет при штипскиот Универзитет кои останаа без работа. Тие веќе 11 дена штрајкуваат со глад.
Ваквата одлука, СОНК ја донел ноќеска, откако пред неколку дена му даде рок на менаџментот на штипскиот универзитет да го решат проблемот со тројцата доктори на науки.
Тоа значи, дека од денеска повеќе од 50 наставници и професори кои се членови на раководните органи на синдикатот ќе им се приклучат на професорите.
Од СОНК информираат, дека во осум часот ќе ги спроведат усвоените заклучоци на седницата на синдикатот, односно започнуваат штрајк со глад.