46-годишен струмичанац загина во судар со украински камион

Од:

46-годишен струмичанец го загуби животот во сообраќајна несреќа во која со неговиот автомобил се судрил со украински камион кој го управувал украински државјанин. Починал на местото на несреќата.

– На 15.02.2025 околу 19.35 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат на делницата од Струмица до с.Дабиле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.И.(46) од Струмица, и товарно возило „даф“ со полуприколка со украински национални ознаки, управувано од С.П.П.(42) од Украина. На местото на настанот починал возачот на возилото „пежо“. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, информираше МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.

Би можело да ве интересира

Украдени бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски, оштетена на Кочо Рацин

Турчин со капак од шахта се обидел да убие сонародник во центарот на Скопје

Во Калиманско езеро пронајденот телото на жена која беше пријавена за исчезната

Стружанец пијан возел мотор, излетал од патот

Девојче од Скопје дало 25 илјади евра на двајца соученици кои му се заканувале на нејзиниот помал брат

Пијан и без дозвола, велешанец направил три сообраќајки

Катерина Ѓуровски