32 градоначалници за ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг, СДСМ доби три

Од:

На вчерашните локални избори градоначалник во првиот круг е избран во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати од Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, која, според обработени 99,94 отсто од гласачките ливчиња на 3.472 од вкупно 3.474 избирачки места, освои градоначалнички места во 32 општини.

Од останатите партии, СДСМ победил во три општини, коалицијата ВЛЕН во пет, додека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ) предводена од ДУИ во четири општини.

Победи на ВМРО-ДПМНЕ во 32 општини

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во првиот круг добија градоначалнички мандати во:
Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип.
Во Старо Нагоричане кандидатот на партијата е на границата со 50 проценти од гласовите, па резултатот таму останува неизвесен.

Победи на другите партии

СДСМ освои градоначалнички места во Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани.

ВЛЕН во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.

НАИ (ДУИ) во Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.

Изборите не успеаја во три општини

Во Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше изборите ќе треба да се повторат, бидејќи не излегла најмалку една третина од запишаните избирачи, како што пропишува Изборниот законик.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

Хаким Рамадани поднел приговори за вториот круг од изборите во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници