31-годишна жена пронајдена мртва во стан во Скопје

Од:

“31-годишна жена од Скопје била пронајдена почината во стан на улицата „Симеон Кавракиров“ во Аеродром информираат од Министерството за внатрешни работи. На телото немало траги на насилство констатирала Итната помош.

– На 08.12.2022 во 14.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје се наведува во соопштението од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода