31-годишен маж од Косово почина во возило на гостиварската Итна помош

Од:

Полицијата извести дека вчера од Ургентен центар во Гостивар било пријавено дека кај нив со возило на Итна медицинска помош бил донесен починат Л.С.(31) од Република Косово.

Според пријавеното, на Л.С. му се слошило во домот во кој привремено престојувал во Гостивар, по што побарал помош во приватна здравствена установа, а додека му била пружана помош состојбата му се влошила и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде што била констатирана смрт.

Извршен бил увид и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

32-годишен маж од Куманово почина во болница, започната е истрага за случајот

Почина осуденик од затворот „Идризово“

Почина возач додека возел во близина на споменикот на „Скендер Бег“ во Скопје

Горан Наумовски

Зоља, боева муниција, бомби – Големо количество оружје и муниција пронајдени кај косовски државјанин во Скопје