30-дневен куќен притвор за Паско Кузман

Од:

Скопскиот кривичен суд му одредил мерка 30-дневен куќен притвор на Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Министерството денеска поднесе посебен извештај против Паско Кузман, по барање за проширување на истрагата „Фаланга“.

По извршениот увид во документацијата на УЗКН, Паско Кузман во текот на 2011 година, потпишал и издал согласност за изведување земјени работи односно за проверка на постоење културно историско наследство на локација на патниот правец Велешко езеро – Катланово и „Драмски рид“ кај Делчево.

Портпаролот Иво Котевски на денешната прес конференција изјави дека МВР постапува исклучиво врз база на докази и по барање на судот и на Јавното обвинителство за проширување на истрагата.

Посебени извештаи се поднесени и за Илче Бојчевски, Звонимир Николовски и Марија Пуљаз, за помагање во врска со злоупотребата на службената положба и овластување на Паско Кузман. Едно од пријавените лица, веќе се наоѓа во притовр во врска со претходно поднесена кривична пријава од случајот „Фаланга 2“.

Котевски посочи дека од претходно доставени барања за изведување земјени работи на овие локации, од УЗКН биле идадени согласности во ноември 2011 година, иако Управата нема законска надлежност, ниту овластување за нивно издавање, туку може да издаде само дозвола за археолошки истражувања со претходно обезбедна соодветна документација.

Пријавените, преку издавање противзаконска документација, преку која барале и полициска асистенција, издавале и патни налози и трошоци, со што го оштетиле буџетот на Македонија. Односно само за полициска асистенција, МВР е оштетено за преку 1.200.000 денари, а целосната отштета допрва треба да биде утврдена.

– Во издадените согласности не биле наведени точните локации каде што требало да бидат изведувани ископувања односно потребните податоци за општата идентификација на наоѓалиштето,- изјави Котевски.

Тој информира дека од извршениот увид во документацијата на Управата, не е констатиран ниту еден записник за извршен инспекциски надзор на овие локалитети, ниту каква било техничка документација кој што морало да се изготви при археолошки надзор.

– Се што е побарано од МВР е постапено. Остануваме отворени за соработка со Јавното обвинителство и со судот и доколу има во дополнителни нови докази во понатамошната истрага не е исклучена можноста пријавата да биде проширена односно да има нови посебни извештаи или делата за кои се товарат осомничените за некои да бидат надополнети со други нови пријави за кривични дела, рече Котевски.

Паско Кузман, на барање на Јавното обвинителство, денеска е изведен пред истражен судија.

Би можело да ве интересира

Паско Кузман осуден на 3 години затвор

Ана Ололовска

Три години затвор за Паско Кузман

Емир Латифовиќ

Одложен судењето за кражбата од Музејот на Македонија

Емир Латифовиќ

Обвинетите за кражбата во Музејот на Македонија денеска во суд

Емир Латифовиќ

Германија одби да го испорача Шекуларац обвинет во „Фаланга 2“

Ана Ололовска

Притвор за седумте приведени за кражбата во Музејот на Македонја

Ана Ололовска