30 дена притвор за гевгеличанецот кој силувал другарка

Од:

Триесет дена притвор му одреди истражен судија на гевгеличанец кој од ОЈО е осомничен дека сторил кривично дело силување.

Тој на 19 декември, на сила и со сериозна закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и врз животот и телото на нејзините родители, ја присилил на обљуба оштетената со која другарувале и се познавале повеќе години наназад.

Според ОЈО, тие се договориле да се сретнат, бидејќи на осомничениот му бил роденден. Тој ја зел оштетената со автомобилот и ја однел кај тениското игралиште лоцирано кај поранешната касарна во Гевгелија, каде почнал да и зборува дека ја сака. Кога оштетената го одбила, станал агресивен, ја фатил со двете раце за вратот и започнал да ја дави од што оштетената изгубила свест. Кога се освестила, со возилото биле стигнати пред местото викано „Динќот“, па бидејќи осомничениот возел побавно, оштетената ја отворила вратата и побегнала надвор од возилото и почнала да бара помош.

Во близина немало никој, па осомничениот го запрел возилото, излегол надвор и кога ја стигнал почнал со боксови да ја удира по лицето во пределот на главата и очите. Од ударите оштетената повторно паднала во бессознание, по што осомничениот ја ставил во возилото и ја однел во викендица во селото Конско, сопственост на неговото семејство.

Бидејќи пружала отпор, почнал да и се заканува дека нема да излезе жива од таму, дека ако каже на некој ќе ги убие нејзините родители и нејзините другарки, а заканите ги изрекувал држејќи секира до него. Потоа извршил обљуба врз неа неколку пати, па ја запалил нејзината облека и телефон за да ги прикрие трагите. Ја натерал да му вети дека нема да го пријави, по што и дал друга облека од викендицата и ја оставил пред куќата во која живее.

Би можело да ве интересира

Две девојчиња биле сексуално злоставувани, тврди Обвинителството

Горан Наумовски

ВИДЕО: Kолку години ќе се оди во затвор за „сексуални“ пораки на Фејсбук

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) За вулгарни пораки на Фејсбук во затвор – сексуално вознемирување е кривично дело

Анита Петровска Рајковиќ

14-годишно девојче сексуално злоставувано и продавано повеќе од една година, петмина уапсени

Катерина Павлова-Николовска

Силувана 24-годишна гевгеличанка, насилникот и се заканувал со нож

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Апелација му ја намали казната на експолицаецот кој силуваше малолетници

Кристијан Ландов