29-годишниот Александар Глигоровски е 61 – жртва од трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Тој денеска почина во болница во Литванија каде што беше на лекување од 17 март.
Александар беше еден од четворицата повредени во најкритична состојба. Имал 35 отсто изгореници од трет степен како и изгореници на дишните патишта. На 4 април драстично му се влошила состојбата, од вчера бил на хемодијализа, а утринава починал.
Ова е втор смртен случај кај повредените кои се лекуваат во странските болници. Во петокот, исто така во Литванија, почина Александар Карадакоски. Претходно, на ноќта на трагедијата, животите ги загубија 59 луѓе.
Во моментов, во болниците во странство се лекуваат 66 повредени, а десетмина се во македонските болници. Двајца се во критична состојба.