23-годишно момче од Гази Баба загина во Сирија

Од:

На боиштата во Сирија, на страната на ИДИЛ, животот го загубил уште еден Албанец од Македонија. Станува збор за 23-годишниот Бурхан Беслими, односно Абу Бакар Ал Сидиќ, од скопската населба Гази Баба, објави весникот на албански јазик „Koha“.

Со смртта на Беслими, бројот на убиени Албанци од Македонија на боиштата во Сирија се искачи на девет.

Минатата недела беше убиен стружанец, кој пред заминувањето во Сирија живеел во Австрија, а пред повеќе години се откажал од македонското државјанство. 

 

Би можело да ве интересира

Едно лице е повредено во ракетен напад врз сирискиот главен град

Ал-Шара од Москва ќе бара да го екстрадира соборениот сириски претседател Башар ал-Асад

Асад преживеа труење, случајот предизвика бројни шпекулации

Нетанјаху: Израел нема намера да се откаже од тампон зоните во Сирија

Израелски напад во близина на Дамаск загинаа осум сириски војници

Израелски беспилотни летала ликвидираа сириски војници