21-годишник загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

Од:

21-годишно момче загина во сообраќајка на излезот од Прилеп кон Битола што се случи вчера попладне, а поради која беше патот беше затворен.

– На 08.07.2024 во 15.48 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, на излез од Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен. На местото на несреќата од здобиените повреди починал С.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Возачот на товарното возило К.И. и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски