21-годишен возач од Никуштак „летал“ со 108 километри на час во населено место

Од:

Дваесет и едногодишен жител од селото Никуштак вчера бил приведен, бидејќи управувал возило со брзина од 108 километри на час во населено место, каде е дозволена брзина од 40 километри на час.

Како што соопшти МВР, вчера во 11.30 часот, на регионален пат Куманово – село Никуштак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(21) од село Никуштак, општина Липково.

При контрола на патниот сообраќај, како што се наведува во соопштението, било констатирано дека управувал возило „фолксваген голф“ со брзина од 108 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Би можело да ве интересира

Возач од Скопје усмрти 78-годишен велосипедист

Горан Наумовски

Казнет возач што возел 146 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Во Германија: Пијан возач возел автобус, за брзо време бил уапсен

Горан Наумовски

Во Скопје возач удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

Истрага за возачот кој го однесе Палевски во Турција: Обвинителството бара да му се продолжи притворот

Возач починал додека возел, возилото излетало од патот