204 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 24 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, шест санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Би можело да ве интересира

Полицијата улови четворица пијани возачи, ќе заработат кривични

А1он

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Во Штип, Македонска Каменица и Делчево уапсени пијани возачи

Двајца пијани возачи завршија во полициска станица

Горан Наумовски

Ноќеска во Штип се казнети 19 пијани возачи

Ноќеска МВР откри 178 пијани возачи