20-годишник е повреден во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Од:

20-годишно момче од Прилеп е повредено во сообраќајната несреќа што синоќа, еден час по полноќ се случила на патот Прилеп-Битола. Несреќата се случила меѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки кое било управувано од 58-годишниот битолчанец Д.М. и автомобил „ауди“ кое го управувал прилепчанецот.

На жртвара и биле констатирани тешки телесни повреди во прилепската болница.

По несреќата, увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

Сообраќајната несреќа е причина за пренасочување на возилата, кои во делот меѓу Прилеп и селото Лагов возат по стариот пат, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ се на местото на сообраќајката и работат на расчистување на возилата и нормализација на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Пијан возач премина во спротивната лента – загина жена

А1он

Загина 19 годишник во сообраќајка во Србија – другарот со автомобил удри во коњи покрај патот

А1он

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он