Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, 10 за возење под дејство на алкохол, девет мерки за нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат.