Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 195 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 50 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се 10 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат.