14 години затвор за убиството на Ангел од Ѓорче Петров

Од:

Основниот суд Скопје 1 – Скопје пресуди затворска казна во времетраење од 14 години за 20-годишниот Насер Ештрефи поради убиството на 18-годишниот Ангел Петковски од Ѓорче Петров.

Убиството се случи на 19-ти мај минатата година, по што следеа улични протести на жителите од населбата, проследени со насилство и опожарување на дуќани во сопственост на Албанци.

angelP

„На денешната главна расправа Јавниот обвинител и одбраната на обвинетиот ги кажаа завршните зборови, а по советување, надлежниот судски совет ја донесе пресудата со која обвинетиот го огласи за виновен за кривичното дело Убиство од член 123 ст.1 од КЗ. Советот ценејќи ги олеснителните и отежителните околности на обвинетиот му одреди казна затвор во траење од 14 години, а воедно му ја продолжи мерката притвор до правосилноста на пресудата“, информираат од Судот.

Трагедијата од 19-ти мај го потресе главниот град. Според информациите од МВР, Насер се обидел да го украде велосипедот на Ангел, но откако бил забележан, се откажал од намерата и избегал. Нешто подоцна бил пресретнат од Ангел и неговиот татко, по што се случи и убиството.

Би можело да ве интересира

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Ана Ололовска

Судот го прифати предлогот на одбраната да има реконструкција на случајот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

Емир Латифовиќ

Конфузни изјави на сведоците за убиството на матурантот Ангел

Емир Латифовиќ

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски, осуден на условна казна за кражба на велосипед

Емир Латифовиќ