(ВИДЕО) Со возило прегази осуммина пешаци – можен терористички напад во Израел

Од:

Во близина на раскрсницата на автопатот 65 во градот Пардес Хана Карку (Израел) попладнево се случи напад во кој возило удри во пешаци, по што следеше прободување на дел од минувачите. Во таа прилика се повредени осум лица, а израелската полиција инцидентот го третира како терористички напад.

Нападот се случил околу 16:18 часот по локално време, кога возилото налетало на пешаци.

Меѓу повредените има осум лица, од кои двајца се во тешка состојба.

Портпаролот на израелското Министерство за здравство, Заки Хелер, изјави дека жртвите се пет мажи и три жени, на возраст меѓу 20 и 70 години, пренесува Jerusalem Post.

Израелските медиуми јавуваат дека двајца полицајци се избодени со нож на лице место, на раскрсницата Каркур, каде што претходно се случи нападот.

Според информациите, возачот побегнал од местото на инцидентот, но набрзо бил уапсен во близина на местото Ган Шмуел.

„Според првичните информации, за нападот е одговорен токму уапсениот од полицијата“, соопштија надлежните.

Би можело да ве интересира

Албанија ги засилува безбедносните мерки по терористичките напади во Франција и Австрија

Жарко Настоски

Во Челопек осуда на терористичкиот напад во Виена во кој учествуваше момче со потекло од селото

Жарко Настоски

Османи на средба со Вуцас по повод немилите настани во Виена

Катерина Ѓуровски

Пендаровски остро го осуди терористичкиот напад во Виена

Катерина Ѓуровски

Уште две лица по кои трага австриската полиција имале и македонски државјанства

Катерина Ѓуровски

Вучиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во Виена: Србија цврсто стои покрај вашата земја во овие тешки времиња

А1он