Нетанјаху заврши на инфузија поради труење со храна

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху моментно се опоравува од труење со храна, потврди неговиот кабинет.

Откако го пропушти неделниот состанок на кабинетот утрово, неговата канцеларија објави дека ќе работи од дома во следните три дена поради здравствени проблеми.

Премиерот Нетанјаху се разболе во текот на ноќта, а медицинскиот преглед покажа дека страда од воспаление на цревата и дехидрација. Моментално прима инфузија како дел од терапијата“, се наведува во официјалното соопштение.

Премиерот беше прегледан во својот дом од д-р Алон Хершко, директор на одделот за интерна медицина на Универзитетската болница Хадаса – Еин Керем, кој потврди дека станува збор за воспаление предизвикано од консумирање расипана храна.

Нетанјаху, кој има 75 години, и претходно се соочил со здравствени предизвици.

Минатата година му беше вграден пејсмејкер, додека во декември беше подложен на операција за отстранување на простатата по инфекција на уринарниот тракт.

Би можело да ве интересира

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да го напаѓа Иран со „полна“ сила за да го „искорени режимот“

Горан Наумовски