Израел уби 44.249 Палестинци во Појасот Газа

Од:

Најмалку 14 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври минатата година се искачи на 44.249, соопшти денеска Министерството за здравство во палестинската енклава.

Во соопштението на Министерството се додава дека во израелските напади кои траат веќе 417 дена се повредени околу 104.746 лица.

„Во последните 24 часа израелските сили убиле 14 лица, а раниле 108“, соопшти Министерството.

Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Израелската армија ја продолжи војната во Појасот Газа по минатогодишниот напад на Хамас, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) која повикува на итен прекин на огнот.

На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства извршени на палестинските територии, вклучувајќи го и Појасот Газа.

Израел се соочува со обвинение за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите акции во Газа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа