До Подрачната единица (ПЕ) на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Кочани 409 земјоделци, претежно лозари и овоштари, поднеле барања за обесштетување од пролетниот мраз кој наместа уништи 100 проценти од насадите.
Според раководителот на ПЕ Горан Миладинов, иако списокот на земјоделци кои имаа големи штети е навреме испратен до МЗШВ, процедурата заглави и досега обесштетување не добил ниту еден лозаро-овоштар.