Земјите од ЈИЕ договрија мерки за контрола на афлатоксинот во сточната храна и млекото

Од:

Дефинирани мерките и активностите за решавање на проблемите поврзани со појавата на афлатоксин во добиточната храна, млекото и млечните производи во регионот на Југоисточна Европа на состанокот во Сараево, Босна и Херцеговина на министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од Југоисточна Европа.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на форумот, кој вчера беше организиран од Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина заедно со Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG), Република Македонија ja претставуваше македонскиот амбасадор во Сараево Рами Реџепи.

Поради присуството на покачени нивоа на афлатоксин во пченката, која се користи за добиточна храна и како резултат на тоа, зголемени нивоа на афлатоксин во млекото и млечните производи, министрите задолжени за земјоделство и храна и лидерите на делегациите од земјите од ЈИЕ дискутираа за потребните мерки за контрола на нивото на афлатоксин во млекото и млечните производи.

Мерките опфаќаат воспоставување комуникација помеѓу институциите на земјите од ЈИЕ кои се занимаваат со проценка на ризик, управување со ризик, контрола на квалитет и тестирање на добиточна храна и прехранбени производи, размена на информации во врска со механизмите за контрола на безбедноста на добиточната храна и прехранбени производи, завземање заеднички став во превземање мерки и подготовка на акциски план за подобрување на комуникацијата и координацијата на ресорните министерства.

На состанокот министрите дискутираа и по предлогот мерки и активности кои се однесуваат на појавата на афлатоксин предложени од Регионалната ад хок експертска работна група, која претходниот ден одржа работен состанок и донесоа заклучоци.

– Земјите од ЈИЕ се согласија да обезбедат основа за контрола на афлатоксини во сточната храна и млеко и да ги следат постоечките граници утврдени со прописите на Европската унија, да се воспостави регионална група од експерти која ја сочинуваат контакт лица со мандат да разговараат за прашања поврзани со микотоксини, со цел – подобрување на комуникацијата меѓу надлежните органи во регионот на ЈИЕ, како и со надлежните институции на ЕУ, усогласување на активностите поврзани со проценката и управување со ризик во земјите, вклучително и на воспоставување акциски план и програма за следење на нивото на афлатоксини во млекото и во добиточна храна, се наведува во соопштението.

Исто така, договорено е да се воспостави детален систем на комуникација и размена на информации помеѓу релевантните институции од ЈИЕ и да се нагласи важноста на превземањето превентивни мерки кај производителите и преработувачите на храна, вклучувајќи и воведување и примена на добри земјоделски практики, добри хигиенски и ветеринарни практики, вклучувајќи ги и ХАЦЦП принципите.

Се договорија и за зајакнување на капацитетите, односно воведување на постојана обука на ниво на владини претставници, инспектори, лабараториски персонал, производители и преработувачите на храна, вклучувајќи ги и земјоделците.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава