Здружението на пчелари – ПЧЕЛА започна со имплементација на проект финансиран од буџетот на општина Крива Паланка

Од:

Здружението на пчелари –ПЧЕЛА од Крива Паланка започна со реализиција на едукативни работилници, кои се дел од проектот „Промоција и примена на современи апитехнички методи за унапредување на производството на примарните пчелни производи и сериско производството на матици“. Успешната реализација на активностите од овој проект непречено се одвиваат благодарение на финаниските средстава од буџетот на општина Крива Паланка, педвидени во Програмата за поддршка на здруженија и фондации за 2018 год.

Проектот е наменет за педесетина пчелари, членови на Здружението на пчелари „Пчела“ од Крива Паланка, а целите на проектот се преку теоретски и практични работилници, членовите на Здружението да се запознаат и да започнат да ги применуваат современите апитехнички методи за унапредување на производството на примарните пчелни производи (мед, полен, прополис, матичен млеч и пчелин отров) како и сериско производство на матици.

Ова здружение функционира во аграрниот сектор во општина Крива Паланка, поточно во одгледувањето на пчелни семејства и производство на примарни и секундарни пчелни производи, а постои и делува од далечната 1980 година и годишно брои до 80 активни членови.

Главна цел на ЗП Пчела е, да настојува на професионален и мултимедијален начин да врши континуирана надградба на знаењата на своите членови како и пренос на најновите сознанија од областа на пчеларството меѓу истите, со што во континуитет ги подобрува капацитетите и ресурсите не само на своите членови туку и на пошироката заедница.

Би можело да ве интересира

Пчелите и медот да бидат заштитени со закон, граѓаните да научат како се препознава вистински мед

Ана Ололовска

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Ана Ололовска

Втор меѓународен натпревар за квалитет на мед „Tetovo honey awards 2020“

Ана Ололовска

Саем за мед во Скопје од денеска до недела

Ана Ололовска

Медот и пчелите да се заштитат со закон, бара здружението „Матица“

Ана Ололовска

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска