Заврши бербата на доцните есенски култури во кумановско

Од:

Заврши жетвата и бербата на доцните есенски култури во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Земјоделците и претпријатија садеа и сееја на вкупна површина 11.725 хектари, од кои најголем процент отпаѓа на земјоделците кои користеле 11.295 површина, а 430 хектари земјоделските претпријатија.

– Целосно е завршена бербата, останува да се добере незначителен процент на зелка, чија берба може да заврши и кон крајот на декември, информираа од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Пченка се садела на површина од 3.617 хектари, а приносите изнесуваат 15.000 тони, при што претпријатијата оставриле 8.000 тони по хектар, а земјоделците 7.000. Повисоките приноси кај претпријатијата се должат, пред се на добрата механизација, редовното ѓубрење и други потребни навремено преземени агротехнички мерки, појаснија стручните лица од подрачната единица на МЗШВ.

Компир се садел на површина од 1.131 хектари, а оствареното производство изнесува 17.000 тони, додека приносите изнесуваат 15 тони кај земјоделските претпријата, а кај земјоделците два тони од хектар.Од градинарските се садел домат на 431, грав на 880, лубеница на 800 хектари.Приносите кај доцните есенски посеви се зголемени во оваа година во однос на претходната и кај претпријатијата и кај земјоделците, поради поволните климатски услови што го зафатија овој регион.Производството се нуди на локалните пазари и супермаркети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата