Затворени три дискотеки бидејќи не ги исполнувале условите

Од:

Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција информираше дека од 22 дискотеки и кабариња кои имале важечка лиценца, три се затворени бидејќи не ги исполнувале условите.

Таа додаде дека во моментов се прават контроли во уште девет дискотеки кои имаат добиено лиценци.

„На трите дискотеки ќе им биде одземена лиценцата и ќе им бидат изречени сите максимални казни. Откако ќе завршат проверките на оние кои имаат лиценци, ќе се премине во контрола на сите оние кои немаат лиценца, но во минатото работеле“ – рече Митева.

При контрола на Државниот пазарен инспекторат утврдено е дека само 22 дискотеки низ државата имаат лиценци за работа.

Кај 15 клубови констатирано е дека лиценцата им е истечена.

Би можело да ве интересира

Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

Митева: Обидот на Жерновски да конструира наратив за „скандал“ претставува класичен пример на политичка дезориентација и дефокус од суштинските прашања

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

(ВИДЕО) Митева: Стевче Јакимовски да им објасни на граѓаните како е возможно, за една календарска година, со неговото семејство да станат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

(ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска