Загрижувачка состојбата во индустриите на ЕУ

Од:

Состојбата со индустриите во ЕУ е загрижувачка, при што најголеми загуби се забележани на план на продуктивноста и вработувањето, предупреди ЕУ.

Во двата одвоени извештаи за конкурентност, Комисијата ја покажа лошата слика на европските индустрии, погодени од падот на инвестициите и анемичната внатрешна побарувачка, пренесе „Франс прес“.

Во извештајот се укажува на големите разлики, кои што постојат помеѓу државите, наведувајќи ја за пример најдинамичната држава, Германија и јужните држави кои што заостануваат зад неа.

-Покрај тоа, трошоците за енергија растат речиси кај сите членки, што предизвикува деиндустријализација на Европа-се додава во извештајот.

Ова прашање е од голема важност за европските држави, кои што се соочени со честите затворања на фирмите и исчезнувањето на цели сектори за вработување.

-Оживувањето на слабите индустрии може значајно да помогне во враќањето на Европа на солиден стопански раст-стои во извештајот.

Европската унија претходно постави амбициска цел за враќање на индустријата на 20 проценти од целокупниот бруто домашен производ, но летово целта ја намали на 15 проценти.

-Далеку сме од нивото кое што постоеше пред кризата. А што се однесува до продуктивноста, која некогаш беше силна точка на мнозинството европски држави, Европа сега заостанува зад САД и Јапонија. Многу европски држави се погодени со низа проблеми, меѓу кои и комплицирана администрација и неадекватна инфраструктура-изјави европскиот комесар за индустрија, Антонио Тајани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски