Wolt слави една година во Скопјe, поддржувајќи ја секојдневната удобност и растот на локалните бизниси

Од:

Во Скопјe, корисниците нарачуваат во текот на целиот ден, а покрај од рестораните, корисниците преку Wolt нарачуваат и намирници, производи за здравје и убавина, производи за домашни миленици, цвеќиња и електронска опрема.

За само една година, Wolt стана дел од секојдневната рутина на многу жители на Скопјe. Во текот на изминатата година, платформата се етаблираше како практична и сигурна услуга за нарачување храна и поширок малопродажен избор за домаќинствата, а воедно сè повеќе станува дел од секојдневните потреби на граѓаните. Денес, Wolt нуди широк и разновиден спектар на опции што одразуваат различни навики, вкусови и дневни рутини.

Покрај тоа што нуди поголема разновидност и достапност за корисниците, Wolt значително придонесе и за растот и развојот на локалните мали бизниси во изминатата година, зголемувајќи ја нивната видливост и помагајќи им да стигнат до поширока публика надвор од нивните непосредни соседства. Од ресторани и брза храна, до продавници и други секојдневни категории, Wolt изгради мрежа во изминатата година што природно се вклопува во урбаниот живот на Скопјe.

Македонскиот пазар се покажува како особено интересен за Wolt, бидејќи е средина со силна гастрономска култура, динамичен урбан ритам и публика која сè повеќе ги прифаќа дигиталните услуги како дел од секојдневниот живот.

„Со влегувањето во Македонија, Wolt одлучи да направи необичен чекор и паралелно лансираше два сегмента од платформата, достава на готова храна и малопродажба. За една година добивме јасна потврда дека тоа е она што му е потребно на македонскиот пазар, каде што корисниците брзо ја препознаваат вредноста на сигурна, едноставна и брза услуга. Особено сме задоволни што Wolt стана дел од секојдневниот живот на луѓето, а во исто време и канал за раст и видливост за голем број локални партнери, а воедно создава и флексибилни можности за заработка за курирските партнери кои сакаат да работат преку платформата и да бидат дел од локалниот екосистем за трговија. Македонија е интересен пазар за нас бидејќи има силна локална енергија, развиена култура на уживање во храната и јасен потенцијал за понатамошен развој на дигиталната трговија“, вели Ѓорѓе Давидовиќ, генерален директор за Србија и Македонија.

Податоците од првата година покажуваат дека веќе се формирани препознатливи локални навики. Бургерите се меѓу најпосакуваните избори на корисниците, а попладнето се издвојува како еден од најактивните периоди за нарачки. Во исто време, платформата активно се користи во различни делови од денот, од утрински оброци до вечерни нарачки, што укажува дека Wolt денес не е поврзан само со една специфична потреба, туку со поширокото темпо на современиот градски живот.

По првата година во Скопје, Wolt сега се подготвува за следната фаза на раст во Македонија. Компанијата наскоро ќе објави кои дополнителни градови ќе бидат додадени на платформата.

Клучен дел од развојот на Wolt во изминатата година се курирските партнери, кои ја прават услугата видлива, достапна и сигурна за корисниците секој ден. Преку нив платформата се претвора во вистинска, функционална теренска услуга, поврзувајќи ресторани, продавници и домаќинства низ целиот град. Нивната улога е особено важна во динамичното урбано секојдневие, каде што брзината, точноста и сигурноста се клучни за корисничкото искуство.

Македонија е пазар со потенцијал не само во сегментот на достава на храна, туку и во развојот на пошироката локална трговија, преку поврзување на корисниците со различни категории производи и услуги на едно место. Јасно е дека платформата веќе си го има своето место во секојдневниот живот на градот, а следната фаза е тој модел да се развие уште подлабоко и пошироко во повеќе градови низ земјата.

За Wolt
Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки, чија мисија е да донесе радост, едноставност и можности за заработка во секојдневието на локалните заедници. Wolt развива платформа за локална трговија која ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи, со луѓе и бизниси што се подготвени да ги продаваат и доставуваат. Компанијата е основана во 2014 година и во 2022 година ѝ се придружи на DoorDash (NASDAQ: DASH). Во 2025 година, DoorDash ја стекна и Deliveroo, дополнително проширувајќи го своето глобално присуство. Денес, заедно оперираме во повеќе од 30 земји. Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на Wolt

ПР текст

Би можело да ве интересира

Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025 во Македонија, уште пред да одбележи една година присуство на пазарот

Во недела во La Noi се пазари единствено преку Wolt

Пеперони не е најпопуларната пица во Скопје, но Wolt знае за што е вистинскиот копнеж

Во апликацијата Wolt: што навистина се случува откако ќе притиснеш „нарачај“?

Wolt ја започна кампањата „Зима на Wolt+“ – три недели ексклузивни попусти за сите членови на Wolt+

А1он

Што стои зад апликацијата на Wolt? Компанијата објави нов извештај за алгоритамска транспарентност