Воведувањето на новиот Закон за игри на среќа доведува до 10.000 директни и 54.000 индиректни отпуштања на вработени

Од:

Над 10.000 луѓе стравуваат за своите работни места, а околу 54.000 директно и индиректно вработени во индустријата за игри на среќа го чекаат исходот од срамниот предлог закон со кој практично се затвора една цела економска гранка на штета на граѓаните на Северна Македонија.

Новиот закон за игри на среќа кој претставува политичка, верска и национална одлука, неминовно би довел до процветување на црниот пазар, каде што не постои можност за заштита на играчите или малолетните лица. Под изговор за заштита на интересите на лицата под 18-годишна возраст, со воведување на растојание од 500 метри меѓу овие објекти и образовните институции, децата всушност индиректно се туркаат на нелегално обложување кое не би било регулирано и со самото тоа ќе им биде достапно.

Измените на Законот за игрите на среќа што беа усвоени на седница на Владата со кои се предвидува минимално растојание од 500 метри меѓу објектите каде се приредуваат игрите на среќа и образовните институции се погрешни и ќе доведат до повеќекратни штетни последици не само за вработените во оваа индустрија, туку и за државниот буџет кој со оваа одлука би се намалил за 280 милиони евра годишно, сумата што организаторите ја плаќаат во Буџетот на државата и локалната самоуправа.

Со донесувањето на новиот закон, компаниите од оваа стопанска гранка би исчезнале од картата на Северна Македонија, дури 92 проценти од објектите ќе останат затворени, што би оставило несогледливи последици за целата држава и општество. Ограничувањето на правото на работа преку налудничави законски одредби би довело до прекршување на регулативата за заштита на странскиот капитал и правата на инвеститорите и директна штета на Република Северна Македонија, која би требало да плати отштета од неколку стотици милиони евра.

Спречувањето на легално спортско обложување би ги пренасочило играчите да бараат алтернатива, така што индустријата би се префрлила на нелегални локации, па државата нема да има контрола врз приливот на пари, како и врз безбедноста на играчите. Пример за тоа е Албанија, која пред четири години го забрани спортското обложување, што доведе само до чести апсења за нелегално обложување.

Поучени од негативното искуство, албанските власти најавија релегализација на приредувањето на игрите на среќа во првиот квартал од 2023 година. Ниту една европска земја нема таков закон затоа што на дело е докажано дека не функционира и дека таквите ограничувања имаат спротивен ефект и отвораат простор за нелегален профит и ризик за играчите.

Исто така, во новиот предлог Закон за игрите на среќа повторно е изоставен делот со кој на приредувачите на игри на среќа им се овозможува да приредуваат онлајн обложување, кое е достапно во сите европски земји.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Лиценците за онлајн игрите на среќа се незаконски давани, без да бидат запазени процедурите

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

„Сакам да работам“ за групата демонстранти во Струга: Се води неоснована хајка против игрите на среќа!

Предраг Петровиќ

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање