Сингапурската статистика објави дека во периодот од 31 март лани до истиот датум годинава од даноци во оваа пет милионска држава се собрани 33 милијарди долари, што е апсолутен рекорд. Рекордно е намален и бројот на тие што евентуално ќе одговараат за затајување на данок. Само 0,77 посто од сингапурските даночни обврзници се осомничени дека не дале точни податоци за приходите кои подлежат на оданочување.
Последната статистичка анализа во Сингапур соопштува и податоци кои ги загрижуваат овдешните власти. Меѓу нив се издвојуваат податоците според кои бројот на сингапурците што работат со полни 65 години и повеќе, а примаат помалку од 800 долари месечно е зголемен на 35.000, што е двојно повеќе од пред пет години. Од државната каса оваа група работници добива по 260 долари месечно како дополнителна помош, а ако постарите брачни парови не живеат со своите деца помошта е двојно поголема.
Бидејки бројката на сингапурците кои имаат над 65 години сега изнесува околу 400.000 , што е два и пол пати повеќе од пред една деценија, властите подготвуваат посебен закон со кој финансиски ќе се стимулираат компанииет во кои работи оваа категорија на граѓани на една од најбогатите држави во светот.