Во ризик 25 милиони работни места во авиосообраќајот

Од:

Авиокомпаниите предупредуваа дека поради пад на патувањата, 25 милиони работни места низ целиот свет може да бидат загрозени, а Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (ИАТА) повика на итна помош од владите, бидејќи авиопревозниците немаат пари.

Глобалниот воздушен сообраќај опадна за 70 проценти на почетокот на вториот квартал, соопшти ИАТА, при што европските летови паднаа за 90 проценти.

Извршниот директор на ИАТА, Александер де Жуниак, рече дека авиокомпаниите ширум светот не можат да си дозволат поврат на пари за откажаните летови, како резултат на кризата со коронавирусот, и дека превозниците наместо тоа издаваат ваучери, бидејќи заштедуваат пари за да преживеат.

„Најважната работа за нас е да избегнеме да останеме без готовина, така што враќањето на билетите за откажаните билети е речиси финансиски неизводливо“, рече Де Жуниак.

Организациите за заштита на потрошувачите ги критикуваа авиокомпаниите за кршење на регулативите поврзани со враќање пари на клиенти кои купиле билети во дефинирани рокови.

ИАТА исто така рече дека една третина од вработените во воздушниот сообраќај се или на принуден одмор или дека ги изгубиле работните места.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран