Во МЗШВ утре средба за состојбата со јаболката во Преспа

Од:

Состојбата со јаболката во Преспа утре ќе се разгледува на средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за што веќе е направена анализа на терен за количината и квалитетот, за да може да се најде решение со кое ќе се реагира.

Ова го најави ресорниот министер Љупчо Николовски кој посочи дека се водат разговори со министрите од Египет за олеснување на царините со цел решавање на проблемот на долг рок да даде резултат.

Потенцира дека во Преспа се веќе исплатени 2,5 милиони евра за штетите од 2017 година, дека субвенциите се исплаќаат согласно роковите и дека се откупени дополнителни 50 илјади тони јаболка, а уште 4 милиони евра се предвидени за инвестиции во преработувачки капацитети.

Според него, целта е да се фокусираат на квалитетно производство.

Со секој можен начин како и досега ги решаваме напластените проблеми од минатото создадени од минатата влада, рече Николовски.

Одговорајќи на новинарско прашње во врска со вработување на негов роднина во М-Нав, рече дека немал никакво влијание и дека станува збор за квалитетен кадар кој се образувал во Јапонија и Словенија.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев во врска со вработувањата во енергетските компании посочи дека немал никакво влијание за вработување во овие компании и дека не треба да се занимаваме со дневна политика.

Според него, важно е дека сега се вработени електроинженери, како и тоа дека е намален бројот на невработените со вработувања во приватнито сектор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата